На прес конференција денеска Филип Јаневиќ од редовите на Либерално демоктратска партија нагласи дека барањето на партијата за поставување мерна станица во градот се покажало како оправдано, но и дека покажа застрашувачки резултати со оглед дека веќе 15 дена Куманово има загаден воздух.
Она што посебно загрижува е огромното надминување на дозволената количина на ПМ 10 честичките во водзухот кои што се најопасни за здравјето на луѓето и истите се канцерогени. Веќе подолго од една недела воздухот во Куманово, посебно во вечерните часови е изложен на висока концентрација од ПМ 10 честичките. Се покажаа реални стравувањата на ЛДП дека Куманово не е имуно на општото загадување на воздухот во Македонија. Ова се мерењата кои покажуваат енормна загаденост на воздухот во изминатите 15 дена – рече Јаневиќ.
Како што потенцираше Јаневиќ, податоците од Светската банка покажуваат дека во Македонија годишно умираат 1.400 луѓе како последица на загадениот воздух, а воедно тој најави мерки кои планираат да ги преземат за спречување на ваквиот феномен.
Парите наместо во непродуктивни трошоци каок споменици, врби и панорамски тркала ќе се пренасочат кон воспоставување на самоодржливата и квалитетна животна средина. Поконкретно тоа значи: основање на целосно независен еколошки фонд, во кој ќе се слеваат средства од еколошките такси, донесување на закон за зеленило кој ќе спречи масовна деградација на зелените површини и стопирање еколошки неодржлива градба и итно прекинување на масовната антиеколошка и неухамана градбта. Ита забрана на увоз на стари возила кои се под ЕУРО 5 стандард и строга контрола на исполнување на еколошките стандарди при увозот на нови возила – додаде Јаневиќ.
Јаневиќ потенцираше дека постои надеж кај граѓаните да се подигне свеста за градот во кој живееме и важноста за здрав и чист воздух.