Приведено лице за издржување затворска казна

Приведено лице за издржување затворска казна

Триесет и шестгодишен кумановец е лишен од слобода, за издржување затворска казна. Имено, полициски службеници од СВР Куманово утринава во 04:45 часот, го лишиле од слобода 36-годишниот Ј.М, откако за него била издадена судска наредба, а се барал за издржување на казна затвор за сторено кривично дело . J.M. бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната, информира полицијата.

Read More

Кумановец нападнат во угостителски објект од две лица

Кумановец нападнат во угостителски објект од две лица

Дваесет и деветгодишен кумановец вчера рано наутро пријавил дека бил физички нападнат во угостителски објект од страна на две лица.
Имено М.С. од Куманово пријавил дека околу 03.00 часот во угостителски објект во Куманово, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од Љ.Ѓ. и уште едно лице, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму додаваат, дека се работи на расчистување на случајот.

Read More

Струмица и Куманово најзагадени градови

Струмица и Куманово најзагадени градови

Во изминатово деноноќие, според индексот на квалитет на воздух Струмица се најде на прво место за најзагаден град во Македонија со индекс на загадување од 277. Втор најзагаден град е Куманово каде индексот на загадување е 254 додека зад Куманово се наоѓа Кичево со 237 микрограми на метар кубен. Во Скопје најзагадено е Лисиче со 205 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички. Од останатите македонски градови висока загаденост бележат Тетово, Битола и Кавадарци.

Read More

Поскапуваат дизелот за денар и половина, бензините за денар

Поскапуваат дизелот за денар и половина, бензините за денар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од претходната седмица.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за 1,50 денари/литар. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 69,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 69,00 ден/лит.
Малопродажната цена…

Read More

Поради енергетската криза ќе се затвори градскиот базен

Поради енергетската криза ќе се затвори градскиот базен

ЈП „Чистота и зеленило”- Куманово ја известува јавноста дека затворениот градски базен Куманово времено ќе престане со работа (од 18.01.2022 година), се до решавање на проблемот со енергетска криза во државата.
Образложение:
Новонастанатата енергетска криза во државата со рапидно поскапување на електричната енергија кон правните субјекти и тоа до 10 пати за електрична енергија и 4 пати за природен гас, не става во ситуација како ЈП да генерираме енормни загуби во секојдневното работење на овој спортски комплекс…

Read More

(ВИДЕО)Поставени контејнери во приградските населби

(ВИДЕО)Поставени контејнери во приградските населби

Поставени се контејнери на видни локации во неколку приградски населби за да можат граѓаните кои што живеат на потесни улички да го изнесуваат сметот. Екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ најчесто не влегуваат во тесните улици да го собираат отпадот , бидејќи претпријатието располага со мал број на помали камиони, кои што често не се во исправна состојба. Проблемот ќе се решава преку нов оперативен план за изнесување и управување со отпадот.
 

Read More

Санкционирани 135 возачи за брзо возење

Санкционирани 135 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 135 возачи.
Од нив,  осум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 62 возачи ја пречекориле брзината во населено место,…

Read More

Зимско караванско возење во кумановско – козјачкиот регион

Зимско караванско возење во кумановско – козјачкиот регион

Офроуд Куманово оргaнизира еднодневно ион што ќе се одржи на 22-ри месецов со почеток во 09:00 часот.
Како што информираат организаторите, возењето ќе биде од слободен карактер и без котизација, спонзорства и организации.
Рутата за возење ќе биде одредена последните денови во зависност од временските услови.
Заинтересираните учесници треба да пристигнат на „Туша петрол“ во селото Војник најдоцна до 08:00 часот за доделување на редни броеви.

Read More

Над 350 сообраќајни незгоди во 2021 година

Над 350 сообраќајни незгоди во 2021 година

На подрачјето на Куманово за 2021 година се евидентирани 42 сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди, 203 со телесни повреди, 140 со материјална штета. Што се однесува до бројот на загинатите во сообраќајни несреќи во 2021 споредбено со претходната година, се бележи намалување за 25 проценти, соопшти СВР Куманово.
Надлежните апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Read More

(ВИДЕО) 11 деца од јасли во „Пчелка“ се во изолација

(ВИДЕО) 11 деца од јасли во „Пчелка“ се во изолација

Поради вработена позитивна на коронавирусот, 11 дечиња од јасли во објектот „Пчелка“  се во изолација. Надлежните посочуваат дека освен неколку вработени, од почетокот на пандемијата немало заболени деца од Ковид-19. Од вкупниот број на вработени во градинката „Ангел Шајче“ вакцинирани се околу 74 проценти.
Повеќе од прилогот.
 

Read More
1 356 357 358 359 360 885