Либерално-демократската партија синоќа во кружната сала на зградата на поранешен Комитет, ја одржа трибината насловена „Македонија после Груевизмот-Либерални решенија“. На неа се обратија претседателот на партијата, Горан Милевски и други членови на раководството, кои зборуваа за економијата, правосудниот систем, здравството и граѓанскиот сектор. Милевски истакна дека целта на трибината е да се потсетат граѓаните за нивните идеали и заложби.
-50 проценти од работата е завршена со смената на Груевски но следува втората половина која е уште…
Вести
Отворена ликовната колонија „Карпино 2015“
Во пресред на 11-ти ноември, Денот на ослободување на Куманово, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворено тринаесетото издание на меѓународната ликовна колонија „Карпино 2015“. Кумановци имаа можност да видат 32 слики, кои се работени во различни техники, од кои повеќето акрил на платно.
-Оваа година имаме уметници од Украина, БиХ, Србија, Бугарија и нашите од Македонија. 15 уметници твореа осум дена во комплексот Грација, таму сме последните четири години. Многу ме радува што денеска…
Големата сала подготвена за 11-ти ноември
При крај е реконструкцијата на големата сала во зградата на поранешен Комитет. Деновиве забрзано се работи на внатрешното уредување, со цел салата да биде подготвена за свечената седница, која ќе се одржи по повод 11-ти номеври, Денот на ослободување на градот. Инаку во салата веќе е поставен нов под, страничните ѕидови кои беа од иверка се заменети со гипс картон, а променето е и осветлувањето и озвучувањето. Работниците во моментот ја завршуваат бината, на која…
Read MoreОпштина Куманово купува куќа
Општина Куманово ќе ја откупи старата градска куќа, која се наоѓа на улицата Иво Лола Рибар, попозната меѓу кумановци како Нагорички сокак, бидејќи веќе поседува една половина од неа и земјиштето. Купувањето на куќата ќе ја чини општината 62.000 евра. Целта е таа да се реконструира и да се направи градска куќа. Во неа ќе бидат сместени невладини организации, здруженија на граѓани кои се залагаат за промоција на општината и државата. Раководителот на правниот сектор…
Read MoreСДСМ: Да решаваме проблеми, а не да менуваме имиња
Наместо да се занимаваме со имиња на плоштади и улици, да се соземеме и да работиме за добробит на нашиот град и граѓаните, за подобрување на севкупната економска клима и просперитет-истакна Сашо Тодоровски, портпарол на општинската организација на СДСМ Куманово.
-Во овој момент не е време да се занимаваме со работа какошто е менување име на плоштад и такви тривијални работи кои со ништо не допринесуваат за просперитетот на нашиот град и подобар живот на нашите…
Спасовски нов министер за внатрешни работи
По одлука на четирите најголеми политички партии, нов министер за внатрешни работи ќе биде нашиот сограѓанин, генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. Функцијата министер ќе ја извршува до предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 24-ти април. Спасовски ќе има можност да разрешува и распоредува раководни лица, но на секој нивен назначен функционер, заменикот мора да биде од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните со задоволство ја прифатија оваа одлука, бидејќи Спасовски е првиот кумановец кој е…
Куманово домаќин на „Гимназијада 2016“
Општина Куманово за прв пат ќе биде домаќин на спортската манифестација Гимназијада, која треба да се одржи во мај наредната година. Учениците од средните училишта од државата ќе се натпреваруваат во фудбал, кошарка, ракомет и одбојка. Претседателот на општински сојуз на училишен спорт од Куманово, Ивица Ѓоргиевски истакна дека градот веќе има искуство со вакви манифестации, бидејќи претходните години беше домаќин на малите олимписки игри.
– Имам потполна поддршка од градоначалникот и локалната самоупрва, сојуз на…
Лица со попреченост имаа музичко-сценски настап
Музичко- сценска програма во која учествуваа лица со интелектуална попреченост од двата дневни центри од градот денеска се одржа во основното училиште „Толи Зордумис“. Манифестацијата е по повод 11-ти ноември, Денот на ослободување на градот во рамки на проектот Образование на Роми и на возрасни лица со интелектуална попреченост, кој го спроведуваат УНДП и Општина Куманово. Во проектот се вклучени вкупно 15 лица, меѓу кои професори по музичко и физичко образование, педагози, социолози, а осум…
Read MoreКумановци: Да се реши проблемот со паркинг простор
Сообраќајниот хаос е секојдневна слика во централното градско подрачје. Возилата се оставаат на пешачки премини, коловозни ленти, па и на тротоарите. Иако во градот има определено дури 480 места за паркирање, голем дел од нив се празни, бидејќи возачите не сакаат да плаќаат 35 денари за час, па практикуваат со вклучени трепкачи да ги остават автомобилите на недозволени места и на тој начин да го блокираат сообраќајот и да го попречат движењето на пешаците.
Ова особено…
ОУ „Кочо Рацин“ ќе соработува со „Порака наша“
Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“ и основното училиште „Кочо Рацин“ утринава потпишаа договор за соработка. Учениците, но и наставниците ќе имаа можност да им пружат помош на лицата со попреченост, во сите активности што ќе ги реализираат во понатамошниот период. Од друга страна, дефектологот од центарот пак ќе може да работи со учениците од „Кочо Рацин“.
-Имаме план, програма и тие кај нас ќе доаѓаат ќе ни даваат поддршка за инклузивно образование,…