Од наредната година целосно електронско пријавување на новороденче, најавија од Министерството за дигитална трансформација. –Министерството од почетокот на годината, формираше работна група помеѓу повеќе инстутции, меѓу кои Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги, Министерството за здравство – Управа за електронско здравство и соодветните јавни здравствени установи, за постигнување целосна автоматизација во издавањето на првиот извод од матична книга на родени за новороденчиња (Проект: е-бебе). Проектот е-бебе, кој е поддржан и од…
Види повеќеМакедонија
Нови цени на горивата од полноќ
Од вечерва на полноќ ќе поевтинат горивата, согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика која ги објави новите малопродажни цени. Од утре, литар ЕУРОСУПЕР 95 ќе чини 74 денари, што претставува намалување од 1,5 денари. Истото поевтинување од 1,5 денари важи и за ЕУРОСУПЕР 98 , чија нова цена ќе биде 76 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по 68,5 денари за литар, што е пониска цена за 1 денар во однос на…
Види повеќеМВР: Систем за влез/излез од ЕУ: За што сè треба да се подготват патниците
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе започне со постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), кој ќе биде целосно имплементиран до април 2026 година. Овој нов дигитален систем претставува една од најзначајните реформи во областа на граничното управување на ЕУ, заменувајќи го досегашното ставање печати во пасошите со електронска евиденција на биометриски податоци (фотографија и отпечатоци од прсти), како и точни записи за датумите на влез и излез. За…
Види повеќеМОН: Рокот за продолжување на правото на студентска стипендија е до 30 октомври 2025 година
Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на правото на студенстка стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, дека рокот за аплицирање почнува од 01.10.2025 и трае до 30.10.2025 година. Корисникот на стипендија треба на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, уверение со положени испити ( кое го издава факултетот) и уверение за предвидени и положени испити (УППИ) образец со…
Види повеќеТринаесетта епизода од квизот „Седмо небо“ на Државна лотарија
Од првото до седмото скалило – секое ниво носи адреналин! Не ја пропуштајте најновата епизода од квизот „Седмо небо“ на Државна лотарија. Во ова издание ќе ги гледате Христијан и Дијана од Скопје и Филип и Божана од Велес. Тие се тука за да се борат…со знаење! Нови натпреварувачи, нови шанси и многу награди! Следете ја оваа возбудлива епизода во недела, во 22:30 часот на Канал 5 телевизија.
Види повеќеМВР: Вчера санкционирани 540 возачи за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден (21.09.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 772 издадени платни налози поголемиот дел од нив, односно 540 прекршоци се однесуваат на возачи кои што не ја почитувале пропишаната брзина на движење, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според статистичкиот преглед од полициските активности, вчера беа евидентирани 41 прекршок за неправилно паркирање, 50 прекршоци се изречени…
Види повеќеМакедонската полиција се ребрендира – МВР ги повикува сите заинтересирани компании да учествуваат на тендерот
Министерството за внатрешни работи објави тендер за нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции. Министерството во процесот кој е целосно транспарентен и одговорен, оствари технички дијалог со дури 13 заинтересирани компании при што беа земени во предвид сите сугестии и предлози. Министерството апелира на тендерот да се јават сите заинтересирани компании и во утврдените рокови да може да се промовира новата,…
Види повеќеМицкоски: Трговијата во индустријата е зголемена во јули, споредено со истиот месец лани
Трговијата во индустријата е зголемена за 13-14% во јули, споредено со истиот месец претходната година, кажа премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Куманово. „Државниот завод за статистика објави параметар вчера, во којшто вели дека трговијата во индустријата е зголемена за 13-14% во јули, споредено со истиот месец претходната година. И тоа е тренд кој што нѐ следи цела година, но она кое што за мене е забележливо, е фактот што таа…
Види повеќеДванаесетта епизода од квизот „Седмо небо“
Дали сте подготвени за квиз во кој среќата и знаењето се спојуваат? Во „Седмо небо“ оваа недела наши финалисти се: Деан од Велес, Светлана од Крива Паланка и Илчо од Скопје. Возбудливо финале со најдобрите што не смеете да го пропуштите. Со Државна лотарија, среќата е единствена опција. Во недела, 22:30 часот, Канал 5 телевизија. Бидете со нас!
Види повеќеМицкоски: Итно да се преземат законски измени со кои подметнувањето пожари ќе се оквалификува како дело на тероризам
-Во рамките на парламентарната процедура разговарав со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ итно да имаме измени во законите со кои подметнување пожар ќе биде оквалификувано како дело на тероризам, а одлагање на смет онаму каде што не му е местото ќе биде другои кривично дело кое ќе се казнува со казна затвор поголема од пет години, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посета на Општина Јегуновце. -Ги повикувам и несовесните граѓани…
Види повеќе









