После пауза од 13 години Тениската федерација на Македонија го организираше тенискиот турнир за тениски ветеранки каде што настапи и клубот „Тумба” од Куманово. „Нашиот настап на турнирот беше одбележан и со одличен резултат каде првото место го освои нашиот претставник Марија Златевска, додека третопласирана беше Катерина Димковска. Одличен настап имаше Драгица Томовска која својот настап го заврши во четвртфиналето. Турнирот помина во одлична организација и мечевите се одиграа на тениските терени на тенискиот клуб…
Види повеќеДневник
Запленети непријавени девизи на ГП Табановце
Мобилните царински тимови во текот на изминатата седмица на влез во државата на граничниот премин Табановце заплениле 14.000 евра, соопштија надлежните. Според Царинската управа, при личен претрес на српски државјанин кој со автомобил со српски регистарски таблички се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце, во џебовите од неговата јакна биле пронајдени непријавени 24 илјади евра. Согласно закон, му биле вратени 10 илјади евра, износ што може слободно да се внесе во државата,…
Види повеќеОтворена изложбата „Асоцијативни апстракции“ од Марјан Стојаноски
Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово отворена е изложба на слики од Марјан Стојаноски. Под наслов „Асоцијативни апстракции“ тој се претстави со циклус од дваесеттина слики работени во последните две години. Марјан Стојаноски (Прилеп, роден 1983), дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Реализирал многу изложби. Живее и работи во Прилеп. Изложбата во Куманово ќе биде отворена до 13 ноември годинава.
Види повеќеВИДЕО: Празнична програма на Фондацијата и Секторот за култура и спорт
Надлежните од Фондацијата за култура и спорт и Секторот за култура при Општина Куманово денеска на прес-конференција ги најавија културно- уметничките и спортски активности по повод Денот на ослободувањето на Куманово, 11 Ноември. „Програмата е богата и е за сечиј вкус, за сите генерации. Се состои од повеќе спортски активности, промоции на книги и концерти, а најважно за одбележување на празникот 11 Ноември е мега концертот кој ќе се одржи на 10 ноември на градскиот…
Види повеќеВИДЕО: Се инвестира во Општа болница Куманово
Во Општа болница Куманово периодов се изведуваат повеќе градежни активности. Како што соопшти директорот Сашо Стошевски, освен што се уредува паркинг просторот со што ќе се обезбедат дополнителни 140 паркинг места, се реконструира и дневната болница на детското одделение, се варосуваат интерното, инфективното одделение, биохемиската лабораторија, набавени се нови машини и друга опрема за потребите на пералната. Дел од градежните активности се изведуваат со донации од општествено одговорни компании, а благодарение на бизнис секторот и…
Види повеќеГолем танцов настан во Куманово в недела во Спортската сала
На 9 ноември (недела) во Спортската сала во Куманово не очекува настан за паметење организиран од 6 танцови клуба од нашиот град Ultra, Fusion, Динамик, Мак, Виртус и Skill Factory во соработка со Асоцијацијата за култура и уметност – Мулти Арт и поддржани од градоначалникот Максим Димитриевски и Советот на Општина Куманово. Клубовите ќе се претстават со своите најдобри танчери и креативни кореографии. Идеен творец на проектот е Стојадин Ивановски- Дине, а идејата веднаш е…
Види повеќеШест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, секојдневно сами го ризикуваме животот поради непочитување на сообраќајните правила и прописи
Во првите четири дена од месец ноември во сообраќајни несреќи на територија на државата животот го загубија шест лица. Од почетокот на оваа година заклучно со октомври регистрирани се 115 жртви. Во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи. Статистиката покажува дека најчестите причинители кои доведуваат до сообраќајни несреќи со фатални последици се пред се непочитувањето на сообраќајните правила, односно користењето на мобилен телефон при возење, возењето со брзина поголема од…
Види повеќеКомедијата „Разбуди се Тина“ вечерва гостува во Гевгелија
Во рамки на одбележувањето на 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија, и во програмата „Гевгелија град на култура за 2025 година“, вечерва ќе гостува Театар Куманово со комедијата „Разбуди се Тина“. Претставата ќе се одигра на сцената на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 19:00 часот, а организатор на настанот е ЈОУ Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија. Влезот за сите посетители е бесплатен. Режијата на претставата е на Драгана Таневска, а во…
Види повеќеГимназијалци ќе претстават свои иновативни решенија за здрава животна средина во Сараево
Гимназијалци од Куманово од Upshift клубот за социјални иновации, месецов во Сараево на Еразмус+ UPSHIFT BOOTCAMP ќе ги претстават своите иновативни решенија и идеи за здрава животна средина. „Прекрасни вести од Upshift клубот за социјални иновации кој во нашето училиште функционира од почетокот на октомври. Два тима од нашето училиште успеаја со свои иновативни решенија да се пласираат меѓу 5 тима од Македонија кои своите идеи за здрава животна средина ќе ги разработуваат на Еразмус+…
Види повеќеВИДЕО: Живачки: Филмот „Макраме“ отвора врати за европски награди
„Филмот „Макраме“ на Надица Петковиќ, кустос советник етнолог отвора врати за европски награди“, истакна денеска директорката на НУ Музеј Куманово, Марија Живачки. Со документарниот филм кој ја освои престижната награда УНИКА ќе конкурираат на филмски фестивали во Европа. „Макраме“ беше промовиран на 24 септември годинава пред кумановската публика. Филмот „Три манастирски цркви во кумановско“ на Валентина Андреиќ кустос советник историчар на уметност ќе биде промовиран на први декември годинава во Куманово.
Види повеќе









