DRӒXLMAIER предновогодишно ги изненади дечињата во градинката „Ангел Шајче“
Повеќе од 200 новогодишни прекривки за масички и дваесетина новогодишни перничиња, донација од DRӒXLMAIER Македонија ќе придонесат за подобар празничен амбиент во градинката „Ангел Шајче“ од Куманово. Деновите пред и за време на новогодишните празници се радост за децата, а со оваа донација тие уште повеќе ќе уживаат во празнично дополнетиот изглед на воспитувачките простории во кои го минуваат поголемиот дел од денот.
„Подароците ќе бидат подеднакво распоредени во сите објекти на градинката. Унапредување на условите во воспитно-образовните установи DRӒXLMAIER Македонија продолжува да го поддржува воспитно – образовниот процес со унапредување на условите и естетиката во просториите за престој на децата во градинките“, велат од менаџментот на DRӒXLMAIER Македонија.
„Среќни сме што DRӒXLMAIER покажува грижа за градинките како институции каде дечињата го започнуваат воспитно – образовниот процес кој претставува основен темел на нивното понатамошно воспитување и изградба како личности“, рече директорката на градинката Марина Алексовска.
Претходно, DRӒXLMAIER овозможи и слатки пакетчиња како новогодишен подарок за секое дете во градинката. Исто така, преку бројни проекти компанијата овозможи мебел во вид на креветчиња, столчиња и масички, шкафчиња, но и играчки како и дидактичко – едукативни средства за градинките од регионите кадешто делува.