За санација на штетите од поплавите се потребни 13 милиони денари

Околу 13 милиони денари чинат штетите од поплавите кои во јануари и февруари годинава го зафатија кумановскиот регион.  Надојдените води предизвикаа излевање на речните корита на Крива Река, Пчиња, Кумановка, Којнарка и Липковка.
-За физичките лица е околу 5.700.000 денари, а за инфраструктурните објекти 7.200.000 денари.  Тоа се штети настанати во подрачјата Јачинце, Клечовце, Довезенце, Пчиња, Доброшане и Шупли Камен и по течението на реката Липковка во Бедиње и Режановце, каде што има неколку урнати мостови …

Read More