Имплементацијата на меѓународното право за човекови права внатре и надвор од државата е основната визија на здружението „Јустиција“ од Куманово. Бројни активности и проекти, меѓу кои соработка со старите лица на подрачјето на Куманово, но и пошироко на територијата на РМ, работа со со лицата кои што живеат во сиромаштија, жените и родовата рамноправност, слободата на информирањето го одбележаа минатогодишното работење на „Јустиција“. Според претседателката на здружението Оливера Доцевска 2018-та година била успешна година.
-За оваа година остануваме на нашите тековни програмски активности . Тука е веќе Маршот за родова рамноправност кој ќе се случува веќе петта година по ред на плоштадот во Куманово во 12 часот на 08-ми март. Се надеваме дека ќе биде поддржан помасовно бидејќи досега не наидувавме на одзив доволно за она што го очекуваме иако минатата година успеавме да го прошириме на територијата на РМ преку Македонската платформа против сиромаштијата и пораката дека сиромаштијата е сексистичка , но не наидуваме на сакан одзив посебно кај машката популација бидејќи без рамноправно учество во овие маршови ние не можеме да постигнеме ништо затворени само во нашите женски целни групи. Исто така продолжуваме како секоја година со активности кога ќе биде Неделата на грижа за стари лица , продолжуваме со порталот Будност.мк како портал за информирање за општеството и културата не само во Македонија туку и пошироко во светот со автори ,ставови, мислења. Исто така се надеваме дека ќе успееме да реализираме некои од проектите кои што веќе ги аплициравме , така што релативно остануваме во истата насока, во која што се движиме, со тоа што се надеваме дека ќе успееме да направиме нешто на планот на застапување и лобирање за одредени законски решенија и иницијативи, изјави Оливера Доцевска, претседателка на Здружение „ Јустиција“ Куманово
Здружението „ Јустиција“ уште од самото основање соработува со повеќе организации и здруженија во државава. Меморандум за соработка има склучено и со здружението на пензионери од Куманово, за кое што Доцевска има само пофални зборови.
– Она што тие го даваат за населението кое што е во трето доба во Куманово мислам дека ретко која организација на пензионери во Македонија го прави тоа, да почнеме од безброј активности кои што тековно се одржуваат , потоа од соработка со граѓански организации , меѓу нив и „ Јустиција“ , потоа некои тековни средства со кои што тие домаќински работат . Јас сум одушевена од она што го покажаа и пред се од интерсеот, ентузијазмот и енергијата која што ја покажуваа во соработката со „Јустиција“ и во оној судир на генерации, помлади и постари во кои што се најдовме и се пронајдовме меѓусебе, изјави Доцевска.
„Јустиција“ Куманово е основана во 2002-та година како мултиетничко здружение. Иако дел од членовите веќе се иселени од државава, здружението е отворено за соработка и продолжува да функционира со полна пареа, како и досега, посочува Доцевска.