ВИДЕО: Наставници и родители се обучуваа за ненасилна комуникација и почитување на разлики

„Ненасилна комуникација и почитување на разлики“е насловена работилницата којашто се одржа денеска а ја организираше Здружението Доверба Куманово, во рамки на проектот „Со почит и разбирање“ кој го реализира со поддршка на Екуменската иницијатива жена Хрватска.

Над 20-ина наставници и родители, од трите средни училишта Наце Буѓони, Перо Наков и гимназијата Гоце Делчев, од различна националност, дебатираа и применуваа вежби за ненасилна комуникација, активно слушање, почитување на разлики и идентитет, стереотипи и предрасуди, како и методи како да учествуваат во работа на клубови на медијација во училиштата.  Обуката ја држеше психологот, Надица Петровска.

И родителите и наставниците се согласија дека  значајна улогата и начинот на комуникација помеѓу триаголникот, ученик-наставник-родител.

Во рамки на проектот ќе следат уште работилници, печатење на брошура, како и завршен настан. Проектот „Со почит и разбирање“,  Здружението Доверба започна да го спроведува од 1-ви февруари, а ќе се реализира до 1-ви ноември.

Коментари

коментар(и)