ВИДЕО: Неопходна психолошка поддршка при процесот на развод, порачуваат психолозите

Психолошка помош во текот, но и по разводот е неопходна за сите засегнати страни во процесот, вклучувајќи ги и децата, порачуваат психолозите. Разводот на двајца партнери често се смета за неочекувана, вонредна развојна криза и иако легалниот развод завршува за одредено време, психолошкиот процес може да трае и повеќе години. Затоа за време на процесот на соочување со развод, на многумина им е потребна помош, и практична и емоционална, како и правна.

„Психотерапијата овозможува подобро да ги спречиме дисфункционалните елементи кои можат да се појават во текот на процесот на развод и намалување на симптомите на депересија и анксиозност, посочува Сања Јовановска, лиценциран психолог.

Психолозите потенцираат дека никој во семејството не останува имун на разводот. Бројни се последиците и ефектите во сите сфери и кај децата, не само кај возрасните. Доколку се дозволи разводот и постразводниот период да остане дисфункционален и неадаптиран предизвикува хаос особено врз психолошката состојба на децата. Некои деца остануваат поимуни и полесно излегуваат од ваквата криза, но кај некои разводот на родителите предизвикува последици, како што се емоционални проблеми, пониска самодоверба и самопочит, копнеж, отфрлање, чувство на вина за проблемите на нивните родители. Заради сите овие причини психолозите препорачуваат психотерапија, односно процес кој му овозоможува на поединецот да ги препознае неуспешните модели на справување со тешкотиите во животот.

Коментари

коментар(и)