ВИДЕО: Ќе продолжи поставувањето на „лежечките полицајци“

Кога општината ќе постави средства за успорување на сообраќајот, т.н „лежечки полицајци“ во Умин Дол и Табановце, е едно од прашањата на кои советникот Саша Николиќ побара одговор од локалната власт. Тој истакна дека мештаните прашуваат кога ќе почне изградбата бидејќи безбедноста со нив е многу поголема.

Од општината одговорија дека уште пред неколку години поставиле средства за успорување на сообраќајот во овие места, но истите биле отстранети при реконструкција на патот. Одобренија има, велат постапката е во тек повторно ќе се постават.

Од одделението за комунални работи информираат дека „лежечки полицајци“ ќе се постават и на улицата 120 и 101 во населбата Карпош.

 

Коментари

коментар(и)