Викендов санкционирани над 180 возачи

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на СВР Куманово санкционирани се вкупно 183 возачи   од  кои 164 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 10 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 7 за управување возило без возачка дозвола и 2 за нерегистрирано возило.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од полицијата.

Коментари

коментар(и)