Изложба на минијатури „ Јас и моите пријатели“

Во изложбениот салон на Центарот за култура во вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Јас и моите пријатели“, поставка на дела – минијатури и мал формат.

На изложбата ќе бидат претставени педесетина дела од 29 автори од пет држави.

Кумановската публика ќе може да види слики, цртежи, графики, работени во разни сликарски и графички техники почнувајки од молив, туш, акварел, темпера, масло, акрил, акватинта. Изложбата ќе биде отворена до 27 март.

Коментари

коментар(и)