ОК ВМРО ДПМНЕ: Езеро на влезот на Куманово

 

-Сведоци сме на недомаќинското работење на СДС и актуелниот градоначалник Дамјановски, како и постојаното уназадување и  уништување на градот. Личните и бизнис интересите се секогаш пред интересите на граѓаните.Ова штетно правило како вирус  го има зафатено , Куманово над 12 години.

Денеска се наоѓаме на влезот на Општината Куманово, позади бензинската станица на МАКПЕТРОЛ. Овој влез на граѓаните на Куманово е познат по големото езеро кое се формира при секој мал дожд. Одводната канализација која е под град Куманово во овој дел тука е нефункционална и со години за овој проблем надлежните немаат слух, ниту пројавија желба за негово санирање.

Дали ова езеро е начин на кој се пречекуваат туристите или е начин според кој го одбегнуваат. Срамно е за град како Куманово во 21 век секојдневно граѓаните да се среќаваат со ваков голем проблем.

За жал во Куманово покрај овој дел на градот постојат и други места во градот каде што се уште нема канализационен систем и места каде што се уште постојат многу  инфраструктурни проблеми.

Апелираме до надлежните интересите на граѓаните да ги стават во прв план, изјави Андријана Стојановска од општински комитет на ВМРО ДПМНЕ , Куманово

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)