ООУ „Христијан Карпош“ – домаќин на Регионален натпревар по математика

ООУ „Христијан Карпош“ , Куманово, во сабота ( 04 март) ќе биде домаќин на Регионален натпревар по математика за учениците од основните училишта, во организација на Сојузот на математичари на Македонија.

На натпреварот ќе учествуваат ученици кои оствариле најдобри резултати во категории од IV до IX одделение, на општинските натпревари во Куманово, Липково, Крива Паланка, Кратово, Ранковце и Старо Нагоричане.

„Нашето училиште на 4-ти март, ќе ги отвори вратите за вкупно 200 ученици и нивните ментори, односно за сите амбасадори на логичното размислување  и егзактното изразување. Особено ме радува фактот дека, половина од учесниците се ученици од IV и V одделение. Инаку, секој од учесниците на натпреварот ќе може да работи на 4 задачи, на сопствен наставен јазик. При тоа, морам да нагласам дека, без разлика на наставниот јазик на кој зборуваме,  јазичните бариери ги надминуваме на нашиот универзален, математички јазик. Во оваа прилика, на сите учесници им посакувам успешен и пријатен  престој во моето училиште“  –  изјави Даниела Стојановска, регионален координатор за реализација на натпревари по математика и наставник – ментор во училиштето – домаќин.

 

Коментари

коментар(и)