Павловски: Гласајте за европска Македонија !

„Членството во НАТО  И ЕУ гарантираат пораст на македонската економија. Со тоа ќе има повисоки приходи за граѓаните, поголеми инвестиции и нови работни места,  поголем и стабилен пазар за домашните фирми, економски развој и подобар живот за сите граѓани“ , рече на денешната пресконференција советникот Владимир Павловски.

-Членството во НАТО ќе донесе нови и големи директни и странски инвестиции во економијата во Македонија. Инвестициите отвараат нови работни места, а Македонија станува конкурентна и се зголемува растот на платите, а со тоа ќе се зголемува и бруто домашниот производ и извоз. Ќе се зголемат фондовите ко и ЕУ ги вложува во нашата инфраструктура , ќе се градат уште повеќе нови патишта, мостови, водоводи , канализации, училишта и градинки за подобра живот на сите граѓани и за подобро утре на нашите деца, изјави Павловски.

Павловски нагласи дека со членството на Македонија во НАТО и ЕУ  ќе се зголемат фондовите за земјоделците што значи повеќе субвенции, модерна механизација , повисок приход, а со тоа и подобар  производ и обезбеден пласман со подобри цени.

-Инвестициите значително пораснаа, а невработеноста се намали во сите земји од регионот кои станаа членки на НАТО, како што се Хрватска, Албанија, Црна Гора, Бугарија и Романија. Вкупната годишна ЕУ помош за Макеодонија  изнесува 90 милиони евра односно 260.000 евра дневно. Влегуваме во унија од петстотини милиони потрошувачи и двеста педесет пати поголем пазар од домашниот. Затоа ние избираме да одиме напред кон подобра иднина , не сакаме да останеме заглавени во неизвесност, ризик, изолација, изјави Павловски.

На крајот на пресконференцијата, советникот Павловски ги повика граѓаните да излезат на 30 септември и да гласаат за европска Македонија.

Коментари

коментар(и)