Подобрување на јазични и математички вештини преку забава

„Читањето и математиката се забавни “ е активност која што денеска беше реализирана во основното училиште „Толи Зордумис“ . Активноста која се состои  во читање на интересен начин сликовници на македонски и албански јазик од страна на јавни личности  е наменета за учениците од најмалата возраст. Проектот насловен „Со читање до лидерство“ го  имплементира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ , финансиски подржан од УСАИД. Главната цел  е да се проценат и  да се подобрат јазичните и математичките вештини кај децата до трето одделение

– Сакаме да демонстрираме дека не е воопшто тешко, напротив може да биде многу забавно,  а корисно и интересно  за децата доколку на овој начин и родителите читаат дома или пак наставниците во училница. На овој начин можеме да го привлечеме вниманието и да го задржиме вниманието на детето за тоа да сака да чита , а инаку интересот кај детето е еден од клучните фактори да тоа дете понатаму има интерес и сака да чита да научи да чита за да може да стане добар читач , изјави Ана Димовска, Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“

Училиштето домаќин на денешната активност во овој проект е вклучено од 2014-та година .  Реализираните  низа активности во досегашниот период  и  обуки на воспитно образовниот кадар за техниките за подучување на мајчиниот јазик и математиката се показател за успешната соработка на „Толи Зордумис “ со Фондацијата за образовни и културни иницијативи.

– Се работи за активност која што се спроведува за ученици од прво до трето одделение и на интересен и забавен начин познати актери, како што е актерот денешниот наш гостин Бујар Саити и познатата  поп пејачка  Кристина Арнаудова читаат сликовници на децата заради учење на интересен начин и подигање на културата за читање. Оваа активност денеска е во соработка со родителите и со заедницата заради подигање на културата на читањето како и свеста кај јавноста за значењето и важноста на описменувањето на децата во почетните одделенија , изјави Даниела Тасовска, педагог во ООУ„Толи Зордумис“

Кристина Арнаудова веќе две години активно соработува со Фондацијата.  Нејзиното мото во врска со проектот е „ патот до знаењето е преку игра“ .

-Идејата е да им пренесеме на децата дека и читањето и бројките можат да бидат забавни и дека се забавни , но само треба да го најдеме вистинскиот начин. И јас лично сметам дека патот до знаењето е преку игра и дека тоа е единствениот правилен пат како што децата можат да учат на вистински начин, изјави Кристина Арнаудова , поп пејачка

Фондацијата за образовни и културни иницијативи проектот го спроведува од 2013-та година. Работи со сите основни училишта во државата во соработка со министерството за образование и наука.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)