Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата земјава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 258 возачи. Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 118 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 140 надвор од населено место, информираат од полицијата.
Санкционирани 258 возачи на ниво на државата за само еден ден
