Со пари од УНДП отворен шивачки салон

Од идеја до реализација. Со помош од УНДП и од државата се оствари сонот на 37 годишната кумановка Марија Гигов за отворање сопствен бизнис. Финансиските средства во износ од 308.000 денари што ги добила од УНДП, Гигов  ги вложила  во набавка на машини, материјали и други средства за работа за новоотворената шивачка работилница, а добила и бесплатна обука од нивни консултанти во Центарот за вработување во Куманово.

-Ова е мој приватен сопствен бизнис шивачка работилница, насловена Куде шнајдерку Марију. Ме поттикна да почнам сама да работам, моето дологодишно работно искуство и приватно, во некои модни ателјеа во Куманово, сега решив да бидат самостојна, да почнам сама да работам. Сумата релативно добро ми помогна за опремување на ова студио, машини, материјали сите други потребни работи и нивната обука за консултанти, менаџерската обука, условите во Македонија за работа и слично, изјави Марија Гигов, сопственичка на шивална

Сопственичката Гигов појаснува дека главната дејност ќе биде изработување на гардероба со нејзини материјали, но и со материјали на клиентките-жени, ќе се прави секаков вид на корекции, кратење, теснење, а притоа нагласува дека нема да продава купена гардероба, туку строго сошиена и искреирана во шивачкиот салон. 

-Целната група ќе бидат сите жени од која било возраст и деца. Нема одредена возраст, сите жени што сакаат да изгледаат убаво, да се стилизираат за секаква прилика, секојдневна, работни градероби, свечени прилики. Нека повелат кај мене „Куде шнајдерку Марију“  во Куманово на локација Тифани, познатата крстосница тука е локацијата, секој работен ден од 08 до 20 часот.  Тука сум да им помогнам да изгледаат убаво, да се дотераат за која било нивна прилика. Имаме некоја моја замисла сите жени кои ќе одлучат да дојдат кај мене да шијат фустани или комплети за некои свечени прилики, ќе добијат гратис кравата или лептир машна за нивните мажи од материјалот што е изработен фустанот за да изгледаат убаво и складно на нивната прилика, изјави Гигов.

Новоотворениот шивачки салон на Гигов е уште еден позитивен пример за бизнисот во Куманово отворен користејќи ги мерките од Оперативниот план за вработување на Владата.

Коментари

коментар(и)