Унијата на ЗМСТАС го осуди нападот врз медицинската сестра

Унијата на ЗМСТАС, предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС” јавно го осудува вчерашниот напад врз медицинската сестра од општата болница во Куманово.

Ова е уште еден случај во низата на немили настани кои се случуваат години наназад, и за кои Унијата постојано апелира дека покрај сите проблеми со кои сестринството се соочува во својата професија, условите за безбедност мора да бидат на највисоко ниво.

Унијата смета дека е потребно да се води евиденција и да постои тек на постапка за ваквиот тип на немили настани. Да се задолжи институтот за јавно здравје да понуди решение, кој патем имаше трудови за синдромот на согорување, стресот и безбедноста на работното место. Да се овозможат рехабилитации, продолжени годишни одмори и платени специјалистички прегледи, истакнуваат од Унијата на ЗМСТАС.

Коментари

коментар(и)