Утре ќе се одржи седница на Советот, започнува во 10 часот во живо на ТВ Плус

Советот на Општина Куманово утре со почеток во 10 часот во кружната сала на поранешен Комитет ќе ја одржи својата 24-та седница.На дневен ред ќе се најдат 15 точки, меѓу кои финансиски извештаи на дел од јавните претпријатија, но и повеќе точки поврзани со финансиското работење и буџетот на Општина Куманово.

Ќе се разгледа извештајот на Куманово-план, Водовод, Пазаришта, Куманово паркинг, програмата за развој на североисточен плански регион, програмата за развој, како и предлог одлука за измена на режим на сообраќај на улица „Страшко Симонов” и приклучни улици.

Советниците ќе расправаат и за предлог одлука за давање на согласност и овластување на градоначалникот за измирување, односно пренасочување на средства од буџетската сметка. На дневен ред е и квартален извештај за извршување на буџетот на општина Куманово за I квартал, предлог – одлука за исплата на еднократна парична помош , предлог – одлука за разрешување и именување на членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво.

Седницата која ќе започне во 10 часот, може да се следи во живо на ТВ Плус.

Коментари

коментар(и)