Во првите шест месеци годинава отворени 114 фирми во Куманово

Во првото полугодие од годинава отворени се 3.428 компании од кои повеќето се микрофирми. За разлика од првиот квартал од годината, во наредните три месеци се намалува интересот за отворање фирми, покажува анализата на порталот Пари врз основа на податоци од БизнисМрежа.мк.

Според податоците во Куманово во прите шест месеци започнале со работа 114 нови фирми. Нашиот град е во топ 5 градовите во Македонија со нови фирми во првото полугодие од 2024 година. Поголем број на фирми се отвориле во Скопје, Битола, Тетово и Охрид.

Во однос на дејностите, традиционално најмногу новоотворени фирми има во трговијата – речиси секоја петта фирма е во овој сектор.

Поточно, учеството на новите фирми од дејноста трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли е 21,6 насто.

Потоа се фирмите од секторот стручни, научни и технички дејности со учество од 11 насто во вкупниот број на новоотворени фирми.

Учеството на други услужни дејности е 10,6 насто, на хотелиерите и угостителските објекти е 10,2 насто, и на крајот е градежништвото, каде што процентуалното учество во вкупниот број на новоосновани компании е 8,7 насто.

Коментари

коментар(и)