Нова седница на Советот на Општина Куманово

Советот на општина Куманово на 06 март 2024 година (среда) ќе одржи редовна седница на која ќе се расправа за 16 точки, доколку нема измени и дополнувања на дневниот ред. Пред советниците ќе се најдат финансиските извештаи на јавните претпријатија, годишен извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2023 година, но и информацијата за преземени мерки и активности од страна на Полициската станица од општа надлежност Куманово во текот на 2023 година.

Седницата можете да ја следите директно на програмата на Телевизија Плус, со почеток во 10 часот.

Коментари

коментар(и)