Приведени крадци, фатени на дело

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север вчеравечер лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 25 и 29 години.

Тие биле затекнати со уште едно лице при извршување „тешка кражба“ во објект на поранешна, сега напуштена свињарска фарма во с.Речица, кумановско, каде што со алат демонтирале два големи мотори.

Од лицата бил одземен алатот со кој го извршиле делото, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. По целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)