Приведено лице заради агресивно однесување кон кумановка

Полициски службеници од СВР Куманово привеле 33-годишен кумановец постапувајќи по претходна пријава дека претходно агресивно се однесувал кон Н.С.(44) од Куманово во нејзиниот дом. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Викендов, малолетничка од Куманово пријавила дека нејзиниот татко Џ.С. од Куманово два пати ја мажел за одреден паричен надомест и кога дознала дека планира и трет пат да ја омажи побегнала од живеалиштето и го пријавила настанот во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Куманово

Коментари

коментар(и)