Трајановски: Поквалитетна здравствена услуга за пациентите од североисточниот плански регион

Новоименуваниот директор на Општа болница Куманово д-р Стефан Трајановски денеска официјално ја презеде функцијата од досегашната директорка Биљана Ивановска.

Трајановски ќе се залага кадровскиот и просторниот потенцијал во болницата да бидат ставени во функција на поквалитетна здравствена услуга кон корисниците, а за надградба и проширување на јавната здравствена установа која се грижи за секундарна заштита на шест општини од североисточниот плански регион, како што рече директорот,  потребна е помош и од централната власт.

Недостиг на медицински кадар особено малиот број на анестезиолози и ортопеди е проблем кој со години се провлекува во кумановската болница. Доколку барањето на Трајановски биде одобрено, освен како директор, ќе продолжи да работи и како лекар специјалист по ортопедска хирургија на Одделот за ортопедија.

Коментари

коментар(и)