Ќе се обучуваат млади и жени од руралните средини

„Граѓанско учество во руралните средини“ е насловот на проектот кој денеска беше презентиран во Куманово. Проектот е наменет за млади и жени на возраст од 15 до 24 години,  од различна родова и етничка припадност и за лица со попреченост од Североисточниот плански регион. Целта е тие да стекнат знаење и да го кренат својот глас со конкретни мерки за подигање на свесноста во заедниците и за поголема вклученост во креирање на локалните политики и поттикнување на граѓаните.

-Самиот проект ќе создаде дефинирани можности со кои невработените млади лица учесници на обуките ќе имаат можност за отворање на сопствен бизнис во сферата на неформалното образование но и на други идеи опфатени со проектот како правен субјект  кој ќе може да делува со профитни елементи.  Главна цел на проектот се  едуцирани млади лица и жени од руралните средини во регионот туку и преку акциско учење за значењето на општествените вредности, развој на правен поредок и локална самоуправа-изјави Даниела Анастасовска од Норгес Вел Крива Паланка.

Организаторите се надеваат дека преку обуката целната група ќе ги зајакне капацитетите и ќе ја подигне свеста и за екологијата, бизнис планирањето и медиумите, што ќе резултира со позитивни општествени проблеми, видливи демократски процеси и градење на здрав систем во руралните средини.

-Нашата анализа покажа дека во источниот регион младите се многу поподвижни, помобилизирани и на некој начин имаат повеќе активности во руралните средини за разлика од североисточниот плански регион.така што понатамошните активности ќе бидат сконцентрирани преку нивни искуства и позитивни и негативни, да може да бидат разменети помеѓу младите од тој регион-наведе Елизабета Цветковска од Гласот на селото.

По оваа конференција, организаторите планираат да одржат три дводневни обуки, како и да изработат прирачник за обука на обучувачите. Имплементатор на проектот е Норгес Вел од Крива Паланка, со партнерските оганизации Гласот на селото, Ценар за рурален развој Бујрум и Фондацијата за развој на локалната заедница. Инаку „Граѓанско учество во руралните средини“ е  дел од проектот на УСАИД за граѓанското општество, кој го спроведува Фондацијата отворено општество Македонија.

 

Коментари

коментар(и)