Промовирана стихозбирка на Сеида Бегановиќ

„За жените кои немаат куќа и три обични дена“ е стихозбирка од авторот Сеида Бегановиќ која беше промовирана синоќа во градската библиотека „ Тане Георгиевски“ . Книгата содржи 44 песни пишувани пред неколку години. Бегановиќ вели дека збирката поезија е интересна за критичарите бидејќи во неа е доловена приказната за бездомност на целата цивилизација. во книгата, авторката која е родена во Босна, а живее во Скопје, користела искуства од двете заедници со цел да дојде до правилно решение. 

-Веднаш да се знае дека не се работи за некоја феминистичка приказна туку апсолутно се приказни кои се повеќе за мој вкус, цивилизациски, има некои референци од кои јас не бегам, користам многу дводомост,  искуства од двете заедници се обидувам да ги конфротирам и да дојдам до некои вчудовидувачки решенија, тие песни на некој начин ми се особено драги оти се затворање врата на една голема траума која сум, што сум, каде сум, централно прашање на жените кога ќе си заминат дома каде се враќаат, приказната е за дом, за куќа, но не новинарска смисла како дом –шпорет, туку каде е егзистенцијалнта чистина на која жената може да се реализира,  изјави Сеида Беговиќ, авторка на стихозбирката

Промоторот на стихозбирката, Владимир Мартиновски смета дека минатата година книгата со право ја добила наградата „ Книжевен мост “ од Друштвото на писатели на Македонија бидејќи авторката успеала да направи премин меѓу две различни култури, а сето тоа да се огледа во поезијата на Бегановиќ.

-Искуство кое има една универзална димензија гледајќи го насловот за жените кои немаат куќа, што значи да се нема куќа, а истовремено и три обични дена значи своето лично искуство и мислам дека за тоа е извонредно битни изјави Владимир Мартиновски, промотор на стихозбирката

Стихови од книгата на синоќешната промоција читаше актерката Александра Пешевска. Инаку, поезијата  и прозата на Сеида Бегановиќ е преведувана на повеќе јазици, англиски, полски, руски, албански, турски.

 

Коментари

коментар(и)