Куманово на нозе за помош на Теодосија и Ана

Околу 500 кумановци викендов беа дел хуманитарната трка под мотото „Трчај/Оди за живот“, која ја организираше Советот на Општина Куманово за помош на двете девојчиња Теодосија и Ана, кои што се на лекување во Турција.

Трката започна од Градскиот кеј и се одвиваше по булеварот „Октомвриска револуција“,  а учесниците пред да добијат бројче донираа средства во поставените кутии. Сите собрани средства ќе бидат уплатени на сметките на родителите на Ана и Теодосија. Во организација на акцијата се вклучиле и членовите на хуманитарното здружение „Да шириме љубов“, кои донеле кутии за собирање на финансиската помош.

Коментари

коментар(и)