ВИДЕО: Нови дигитални услуги за граѓаните промовирани во ЕТУ

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и претседателот Стево Пендаровски денеска од една точка за услуги во Куманово ги промовираа новите новите е услуги.  Новите алатки се во рамки на заложбите за континуирана и забрзана дигитална трансформација, информираше министерот. Станува збор за четири услуги, со кои граѓаните ќе можат да извршат увид која институција ги користела нивните лични податоци, како и да добијат потврда за истите. Целта како што нагласи е да се намали метежот пред шалтерите но и да се избегнат евентуални грешки во податоците.

Министерството за информатичко општество и администрација до крајот на 2023 година има за цел да овозможи над 150 онлајн услуги, а во тек е и договор со АД Пошта за користење на дел од услугите и кај нив.

Коментари

коментар(и)