Николовски: Со реформски мерки до побрз транспорт и сузбивање на криминалот

Усогласување на работното време на инспекциските служби на граничните премини,  автоматизација на терминалите на граничните премини со грант од ЕУ и негово поврзување со новиот систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички што се имплементира во моментов, како и унапредување на дигитализацијата и поврзување на институциите во рамки на државата, но и на ниво на држави, се трите главни реформски мерки на коишто ќе работи Царинската управа во следниот период. Ова го истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на средба со генералниот секретар на Асоцијацијата, Макам-транс, Билјана Муратовска. Средбата беше остварена на еден од најфреквентните гранични премини, Табановце, а со цел увид на состојбите, но и дијалог со Асоцијацијата каде членуваат 1.500 превозни компании.

Директорот воедно потенцира дека лично ќе се осигура секој потпишан протокол што е во насока на олеснување на трговијата, како последниот за признавање на кантарските белешки, строго да се почитува, но истиот повика да се применува и од страна на превозниците.
Николовски уште еднаш пред јавноста апелира дека „работиме на менување на свеста на царинските службеници како приоритет во службата“.

Коментари

коментар(и)