Започна вакцинацијата против сезонски грип

Започна вакцинацијата против сезонски грип

Започна бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи граѓани на ниво на државата.
Од утринава се вакцинираат и граѓаните на  Куманово, откако во петокот 2.000 вакцини пристигнале во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ).
Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и…

Read More

Со нова опрема до најсовремена настава во училиштето „Наце Буѓони“

Со нова опрема до најсовремена настава во училиштето „Наце Буѓони“

Најсовремени модели на лап топ компјутери, модерни нагледни средства кои се користат за практична настава за профилот- компјутерска техника и автоматика, нова електро -опрема е дел од опремата која ја обезбеди средното училиште „Наце Буѓони“  за изведување современа настава во новата учебна година. Техничкото училиште потпиша и Договор за грант за Програмата Еразмус+, за проект помеѓу ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во кој ќе учествуваат ученици…

Read More

Енергетско ефикасна фасада на училиштата „Панче Пешев“, „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“

Енергетско ефикасна фасада на училиштата „Панче Пешев“, „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“

Замена на азбестниот кров, столарија и поставување на енергетско ефикасна фасада на музичкото училиште ,,Панче Пешев” и енергетска фасада на училиштата ,,Крсте Мисирков” и ,,Браќа Миладиновци”, се приоритетните мерки за подобрување на воздухот за кои се изјаснија присутните на втората форумска сесија во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“. Донаторите во соработка со Општината ќе настојуваат да се оствари и мерката – поставување на фотоволтаици на училиштата ,,Кочо Рацин “, ,,Наим Фрашери”, ,,Браќа…

Read More

Неколку интервенции на пожарникарите изминатиот викенд

Неколку интервенции на пожарникарите изминатиот викенд

Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие бележи неколку интервенции.
Според билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи, пожарникарите гаснеле три контејнери и напуштена гаража покрај пругата во местото викано Бавчи, опожарен контејнер во село Горно Којнаре и опожарено ѓубре во село Романовце.

Read More

Ветерен парк од 400 милиони евра во кумановско

Ветерен парк од 400 милиони евра во кумановско

Изградба на ветерен парк кај Куманово, Ранковце, Крива Паланка и Старо Нагоричане, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што посочи тој, ќе станува збор за германска инвестиција, тешка дури 400 милиони евра.
Како што истакна премиерот, до крајот на годината, две германски компании ќе почнат да вложуваат, едната, веќе присутна во земјава, ќе гради нов производен погон, а другата ќе стартува сосема нова гринфилд инвестиција.
Струјата што ќе ја произведуваат, вели Мицкоски, ќе ја продаваат на пазарот.
Во…

Read More

Приведен камионџија од Турција на ГП Табановце

Приведен камионџија од Турција на ГП Табановце

Седумдесетгодишен камионџија бил приведен вчера на „Табановце“ бидејќи приложил фалсификувани зелени картони.
МВР соопшти дека вчера на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Н.(70) од Република Турција поради тоа што при извршени проверки било констатирано дека за патничко возило „мерцедес бенз“ и приколка „кандил“ со турски национални ознаки приложил фалсификувани зелени карти.
Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Read More

Откриено небезбедно месо во Куманово

Откриено небезбедно месо во Куманово

Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо не штетно уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во вторникот во Куманово, при спроведени вонредни надзори во ресторани, месарници и маркети.
За утврдените недоследности – продажба на замрзната чорба, ставање во промет на замрзнати подготвени подготовки од месо ( плескавици, ражнич), продажба на месо и подготовки од месо без декларација, како и за измината важност на санитарни книшки на вработени кај оператори со…

Read More

Благица Димитровска од „Инклузива“ гостува во СТАВ

Благица Димитровска од „Инклузива“ гостува во СТАВ

Во емисијата СТАВ вечерва гостува Благица Димитровска, претседателка на здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“. Кои се новите бесплатни услуги што ги нуди здружението „Инклузива“ во новоотворениот реновиран објект спроти основното училиште „Толи Зордумис“, има ли интерес за соработка со стручниот тим во „Инклузива“, дали учениците сакаат да бидат дел од инклузивните спортски активности, колку Куманово е инклузивна општина во однос на пристапноста на лицата со телесна попреченост и колку е важно…

Read More

Кумановци ги определија приоритетните проекти

Кумановци ги определија приоритетните проекти

Општина Куманово и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) финансирана од Шведска, во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање РСМ, денеска ја реализираа втората форумска сесија во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот”, во ресторан Грација.
Денеска беа подетално беа претстави сет мерките за подобрување на квалитетот на воздухот, кои беа предложени на претходната сесија, а за која граѓаните ќе направат приоретизација. Поставување на енергетско-ефикасни фасади, прозорци и кров во…

Read More

Свечена академија на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово

Свечена академија на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово одбележува 34 години од формирањето.
По тој повод вчеравечер во Центарот за култура беше одржана свечена академија на која се обратија претседателот на општинскиот комитет Бобан Николовски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и воедно премиер на Македонија Христијан Мицкоски.

Read More
1 2 3 4 932