„Трка за мир“ организираше здружението „Доверба“

„Трка за мир“ организираше здружението „Доверба“

Здружението „Доверба“ од Куманово денеска на атлетската патека кај техничкото училиште „Наце Буѓони“ организираше „Трка за мир“ со ученици од средните училишта. Станува збор за завршен настан од реализацијата на проектот „Неми сведоци“.
Како да се препознае булингот, како да се превенира, дали треба и како да се вклучат родителите во споделувањето на информациите поврзани со булингот се само дел од темите кои се опфатени во проектот.
Повеќе детали за денешната „Трка за мир“, но и за…

Read More

Одбележан Денот на Командата за операции

Одбележан Денот на Командата за операции

Со воена свеченост, денеска во касарната Боро Менков, припадниците на Командата за операции го одбележаа Денот на единицата.
Пред присутните се обратија бригаден генерал Бесник Емини, командант на Командата за операции и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
Според Министерството за одбрана, за ден на Командата за операции е одреден 17 октомври, како еден од значајните историски настани врз кои се темелат традициите на Армијата, кога во 1887 година во селото Кресна е формиран штабот…

Read More

Во „Киро Бурназ“ одбележан Светскиот ден на храната

Во „Киро Бурназ“ одбележан Светскиот ден на храната

Државното средно училиште Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ денеска го одбележа Светскиот ден на храната, 16 октомври, под мотото „Право на храна за подобар живот и подобра иднина. Никој да не биде изоставен“. Манифестацијата се одржува по десетти пат, а годинава храната подготвена од учениците и наставниците од стручните образовни профили беше изложена во холот на училиштето.
Да се зголеми свеста за опасностите од глад, е само една од пораките по повод…

Read More

34 години од формирањето на ОК ВМРО ДПМНЕ Куманово

34 години од формирањето на ОК ВМРО ДПМНЕ Куманово

Свечена академија по повод 34 години од формирањето на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Куманово ќе се одржи вечерва во големата сала на  Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
По повод роденденот на кумановскиот општински комитет, освен претседателот Бобан Николовски, пред присутните ќе се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, воедно и премиер на Македонија, Христијан Мицкоски.

Read More

Наскоро започнува вакцинацијата против сезонски грип

Наскоро започнува вакцинацијата против сезонски грип

Од следната недела се очекува да започне вакцинацијата против сезонски грип. Од Центарот за јавно здравје Куманово потсетуваат дека вакцината е бесплатна за ризичните групи на граѓани, но претходно треба да се пријават за вакцинација. За граѓаните на кумановскиот регион нарачани се 2.500 вакцини против сезонски грип и 200 комерцијални.
„Најправилно е пациентите самостојно да се пријават за вакцинација, преку страницата vakcinacija.mk – пријава за вакцинација за сезонски грип 2024, изјави д-р Јадранка Стаменковска, епидемиолог од…

Read More

Се прибираат предлог-проекти за културни манифестации за 2025 година

Се прибираат предлог-проекти за културни манифестации за 2025 година

Уште една седмица трае јавниот повик за прибирање предлог-проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2025 година.  Како подносители на  предлог-проекти можат да се јават: јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица кои имаат цели, задачи или регистрирана дејност од областа на културата или социјално-хуманитарна дејност кои треба да исполнуваат неколку критериуми. Еден подносител може да достави еден или повеќе предлог-проекти.
Секој предлог-проект потребно е да биде доставен со посебно барање и…

Read More

Ќе се дистибуираат опомени за неплатени даноци

Ќе се дистибуираат опомени за неплатени даноци

Секторот за даноци и такси при општина Куманово ги известува сите даночни обврзници дека ќе се врши дистрибуција на oпомени за неплатени даночни долгови по основ данок на имот за физички лица за 2023 година, решенија за присилна наплата за данок на имот за правни лица за 2023 година, како и решенија за присилна наплата на долг по основ утврдена комунална такса за назив на деловна просторија за 2023 година.
Граѓаните се должни да постапат по…

Read More

Пет случаи на голема кашлица за една недела во Куманово

Пет случаи на голема кашлица за една недела во Куманово

За една недела во Куманово регистрирани се пет нови случаи на голема кашлица, соопштија денеска од епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје. Од почетокот на февруари, вкупниот број во кумановскиот центар од 148 случаи зафаќа десет и пол проценти од вкупниот број на заболени во земјава.
-Заклучно со 10 октомври годинава на подрачјето на Центарот за јавно здравје Куманово кој опфаќа шест општини (Куманово, Крива Паланка, Кратово, Старо Нагоричане, Липково и Ранковце) од почетокот на…

Read More

Измама со огревно дрво, кумановец оштетен за 16.000 денари

Измама со огревно дрво, кумановец оштетен за 16.000 денари

СВР Куманово информира дека вчера во 12.41 часот во СВР Куманово, 78- годишен маж пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 16.000 денари.
Според пријавеното, лицето му понудило огревни дрва и откако се договориле, заедно се упатиле на местото каде наводно биле складирани, но лицето го оставило пријавителот да чека и заминал во неговиот дом, каде што ги побарал парите од неговата сопруга.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Куманово вчера било…

Read More

Изложба на Меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“

Изложба на Меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“

Изложбата на дела создадени на Меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“, во периодот 2023/2024, во четврток во 19 часот ќе биде отворена во изложбениот салон на НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово.
Преку изложените дваесетина дела ќе понуди увид во креативниот творечки процес на талентираните уметници од различни делови на светот.
Овој групен творечки опус  што ќе биде презентиран пред кумановската публика е резултат на напорите на организаторот Домот на културата „Крсте Мисирков “ – Свети Николе да одржи континуитет…

Read More
1 2 3 4 5 932