Авелина со концерт во Центарот за култура

Бендот „АВЕЛИНА“ во петок со почеток во 20:00 часот ќе одржи концерт пред кумановската пубика во Центарот за култура. На концертот бендот во живо ќе ги изведат нумерите од нивниот деби албум „ОД ЕКОТ НА ПРЕДОКОТ“ како и досега необјавени нумери како најава на следниот албум.

Влезот за овој настан ќе биде донација.

Авелина е уникатен неофолк бенд од Македонија започнат како соло проект на Сара Александровска (вокал и тамбура). Членови на бендот се и : Воислав Пехчевски (џембе), Дамјан Поповски (тамбура), Бојан Лазаревски (клавијатури) и Деа Плевнеш (перкусии). Пред кумановскиот Концерт „АВЕЛИНА“ одржаа концерт минатиот викенд   во распродадената сала на кино Фросина во МКЦ – Скопје.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)