Акцијата „Здравје за сите“ во кумановско Романовце

Во кумановско Романовце денеска беше спроведена последната акција за годинава од „Здравје за сите“, информираа надлежните од Здравствен дом Куманово. Жителите на ова село утрово ги направија превентивните проверки, кои опфаќаа мерење крвен притисок, шеќер и холестерол во крвта, а во меѓувреме добија и совети од лекарите за понатамошно лекување. Бесплатни прегледи на крвен притисок, шеќер и холестерол во крвта имаше во селата во Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Коментари

коментар(и)