Екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ во сабота ( 27.09.2025 год. ) ќе спроведат акција за расчистување и уредување на улицата „Пелинска“, информираат надлежните.
Како што пишува во објавата, во рамки на акцијата ќе бидат опфатени и приватни имоти, поради што се упатува јавен повик до сите граѓани кои живеат на оваа улица активно да се вклучат и да дадат свој придонес. Исто така, се замолуваат жителите претходниот ден да ги отстранат своите автомобили, со цел акцијата да се одвива непречено и поефикасно.
Акцијата ќе започне во шест часот наутро.