На 24 и 25 октомври 2026 година на терените на ТК Поинтер-Скопје се одржа завршниот мастерс за јуниори до 18 години. Мастерсот донесе неверојатни возбудувања и вистински празник на тенисот за тенискиот клуб Тумба од Куманово.
„Алексеј Стојановски (ТК Тумба) одигра феноменален турнир и ја освои титулата шампион. Овој резултат е круна на една фантастична сезона за ТК Тумба и голем знак дека кумановскиот тенис расте и победува“, соопштија од ТК Тумба.
Фото: ТК Тумба