Во организација на здружението за локален и рурален развој „Ума сто“ вчера по четврти пат се одржа манифестацијата „Есенско пазарче“ во Ново село. Есенското пазарче секоја година има се поголем број на учесници и посетители и претставува можност за претставување на малите локални производители, промоција на домашната храна и поддршка на руралниот развој.
