Детската установа „Ангел Шајче“ традиционално со повеќе активности се вклучува во одбележување на месецот на книгата, од 15 октомври до 15 ноември. Големата група дечиња од објектот „Развигорче“ денеска беше дел од интерактивна работилница во организација на издавачката куќа „ЕДУКА МАК“ .
– Ова денеска по повод месец на книгата е трета активност , посета на издавачката куќа ЕДУКА МАК во просториите на нашата установа. Тука заедно со издавачката куќа имаме и писател , автор професор доктор Кристина Николовска, која ќе им пренесе на децата што е тоа книга , што е љубов кон книгата и пишаниот збор. Четвртиот настан ќе биде посета на писатели во соработка со градската библиотека, активност што ја организираме со години наназад, изјави Марина Алексовска, директор на детска градинка „ Ангел Шајче“
Литературата за децата е двигател за здраво учење и растење. Без книгата и без литературата за деца , тие не можат да растат така како што треба да растат, вели авторот на многу книги за деца Ели Маказлиева, која повеќе од 30 години пишува за децата од предучилишна и за раната училишна возраст. Таа вели дека најтешко е да пишуваш книга за деца бидејќи треба да се спуштиш на нивното ниво, да можат децата да разберат за што станува збор.
Освен овие активности, децата од големите групи од сите шест објекти на градинката „ Ангел Шајче “ деновиве имаа можност да се запознаат и со функционирањето на градската библиотека „Тане Георгиевски“, но и да ги посетат основните училишта во градот.