АХВ: Нема нови жаришта на африканска чума во кумановско

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека состојбата со болеста африканска чума кај свињите во Кумановско е стабилна. По последниот случај во село Тромаѓа, каде на фарма со 660 свињи угинаа 60 животни, појава на нови жаришта во овој регион засега нема. Согласно донесеното Решение за определување на заштитна зона и зона под надзор при потврда на болеста Африканска чума кај свињите, овде комплетно е спроведена мерката за депопулација и нештетно закупување на свињите од одгледувалиштето каде беше потврдена болеста, како и од сите контактни одгледувалишта каде не може да се исклучи присуството на болеста, соопштија од АХВ.

Коментари

коментар(и)