Банката за храна МК и НРЦ доделија 80 пакети на семејства во социјален ризик (ВИДЕО)

-Со нашите партнери, со НРЦ од Куманово веќе долги години соработуваме и одлучивме денеска да доделиме 80 прехранбени пакети и 80 гелови за раце и заштитни маски за нивните корисници. Овој проект е поддржан од ЕУ, ВСС ефект, каде што дел од семинарите, конференциите што ни беа планирани ги откажавме. По барање и одобрение од ЕУ обезбедивме, спакувавме  1.620 пакети за семејства во 20 општини во Македонија. Куманово е шеста општина е по ред. Целта е таа храна што ја обезбедивме да стигне до оној на кој што му треба. Вообичаено пакетите тежат околу 17 килограми, составот е битен да на едно семејство просечно една недела му го олесниме животот. Продолжуваме утре, наредните петнаесетина општини не чекаат. Ние како Банка за храна сме на некој начин само помагачи, пријатели на каузата со која што работат НРЦ од Куманово, изјави Душко Христов, претседател на Банка за храна МК

-Кога станува збор на кој принцип ги избравме семејствата на кои што ќе им доделени пакети, се одеше на принципот тоа да биде спрема бројот на членовите во семејството, минимум четири членови и ние во Куманово во соработка со Банка за храна претходно, но и со општината имаме преглед кои населби беа опфатени претходно. Сега ќе биде опфатена една ромска населба, во „Бараки“ и ќе бидат опфатени еден број на Македонци и Албанци, граѓани на Куманово така што тоа се пред се семејства кои што немаат приходи, не се вработени, а имаме и семејства со членови со одреден инвалидитет или самохрани мајки, изјави Ашмет Елезовски, претседател на Национален ромски центар

Коментари

коментар(и)