Без вода повеќе улици во кумановско

Поради интервенции на водоводната мрежа, повеќе улици во градот и околината денеска ќе бидат без вода.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во водоснабдувањето во текот на денот ќе има на улиците „Киро Фетак“, „Драги Шутевски“, „Рушит Шакири“, улиците „423“ и „424“ во населбата Иго Тричковиќ, „Љупчо Арсов“, „Веселин Маслеша“, улица „7“ во населбата Карпош, „Тоде Думба“ и м.в. Палестина   во населбата Долно Којнаре.

Екипите на јавното претпријатие „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектит, соопштуваат од РЦУК.

Коментари

коментар(и)