Бизнис саем за производителите во Куманово ќе се одржи летово

Општина Куманово потпиша меморандум за соработка со маркетинг и менаџмент агенцијата Еуростеп, со цел организација на бизнис саем за производители во Куманово, кој ќе се одржи на 16-ти и 17- ти јули годинава во Куманово.

На саемот ќе учествуваат product placement компании, правни лица од државите членки на ЕУ и Балканот, финансиски организации и агенции, кои се заинтересирани за потенцијални соработки, партнерства, joint ventures и инвестиции кон домашните локални производители и правни лица со цел зголемување на производствени капацитети, репрезентативност и промоција, увоз/извоз на производи и странски инвестиции.

Коментари

коментар(и)