Опожарена сува трева и стрниште гаснеле пожарникарите од Куманово во текот на вчерашниот ден во селото Љубодраг, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според дневниот билтен на РЦУК, на територијата на Општина Липково има активен пожар во селото Гошинце. Опожарена е букова шума на површина од околу 50 хектари. Во гаснење на пожарот вчера биле вклучени и два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување во неколку налети, информираат надлежните.
Екипи на Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане вчера интервенирале на опожарена сува трева и ниска вегетација.