Венко Филипче е новиот претседател на СДСМ

Венко Филипче е новиот претседател на најголемата опозициска партија СДСМ.

„Сега е време за обнова на СДСМ и многу работа. Нема време за славење. Следи период на реорганизација и реформа согласно моите програмски ветувања со кои сум сигурен дека СДСМ повторно ќе победува. Нема да биде ниту брзо ниту лесно. Знам дека нема начин да ја вратиме довербата освен ако не направиме вистински темелни промени. Како претседател ветувам дека нема да делам туку ќе обединувам, ветувам дека силно ќе се спротивставам на сите кои да ја ослабат партијата на сметка на личниот интерес. Ветувам дека ќе го слушнам секој член и ќе му дадам глас. Ветувам дека ќе бидеме силна опозиција ќе се бориме со сите сили да ги спречиме лошите политики на власта и ќе биде коректив во општеството“, порача Филипче.

Според официјалните партиски информации од регистрираните над 23.000 гласачи на вонредните внатрепартиски избори своето право на глас го оствариле 12.608 членови и излезноста е 54 проценти.

Коментари

коментар(и)