(ВИДЕО) Величковска: Со ВМРО-ДПМНЕ младите ќе останат во Куманово

Со оформување на посебна Канцеларија за млади претприемачи и стипендирање на најдобрите ученици, средношколци и спортисти, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги стимулира младите да ја планираат својата иднина во Куманово.

„Како резултат на штетните политики на локалната власт, младите се целосно исклучени од јавниот живот“, рече на денешната прес-конференција Невена Величковска, кандидат за советник во Советот на Општина Куманово.

-Локалната власт, предводена од СДСМ, пред четири години ветуваше дека еден од главните приоритети ќе им бидат младите и нивните можности за успешен живот во општина Куманово. Како што може да видиме, младите освен што беа искористувани за медиумска промоција на кандидатите на СДСМ, речиси ништо друго не беше направено за да новите генерации гледаат перспектива во Куманово. Нашата програма посветува големо внимание на развојот на општината, што ќе придонесе младите да ја планираат својата иднина во нашиот заеднички дом, нашето Куманово. Покрај многуте проекти од сите области, кои ќе влијаат на општиот развој како конкретни мерки со кои ќе ги поттикнеме младите ги нудиме:

-проект за оформување на посебна Канцеларија за млади претприемачи. Проектот ќе биде реализиран во временски рок од 2021 до 2023 година и ќе биде финансиран одБуџетот на општина Куманово,

-за да ги поттикнеме најдобрите ученици, средношколци и спортисти, новата администрација на Општина Куманово, во соработка со приватниот сектор и со странски донатори ќе обезбедува средства за стипендирање на десетте најдобри ученици, средношколци и спортисти,

-новата локална власт, ќе доделува стипендии на 20 студенти од социјално загрозени семејства и стипендии за дефицитарни струки во Општина Куманово, рече Невена Величковска, кандидат за советник во Советот на Општина Куманово

Величковска ги повика граѓаните на Куманово да го поддржат кандидатот за градоначалник Тони Михајловски и советничката листа на коалицијата „За обнова на Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Коментари

коментар(и)