Општинскиот сојуз на училишен спорт Куманово денеска на новото отворено спортско игралиште во гимназијата „Гоце Делчев” организираше активност за ученици од второ и трето одделение преку забавен училишен спорт во штафетни игри.
Повеќе детали за денешната спортска манифестација на која учествуваа 180 ученици од сите училишта во градот заедно со нивните наставници по физичко и здравствено образование од изјавата на Ивица Ѓорѓиевски, претседател на Општинскиот сојуз на училишен спорт.