Тенискиот клуб Тумба од Куманово го постигна најголемиот екипен успех во својата историја, освојувајќи ја шампионската титула на Македонија на Екипното првенство за јуниори до 16 години, кое се одржа од 10 до 12 октомври на терените на ТК Југ во Скопје.
„Кумановските тенисери до титулата стигнаа по драматично финале против домаќинот ТК Југ – Скопје, во кое славеа со 2:1. На патот до финалето, екипата на ТК Тумба ги совлада Тениската академија Аеродром и втората екипа на ТК Југ, со што го потврди квалитетот и тимскиот дух на младите тенисери. Шампионскиот состав на ТК Тумба го сочинуваа Алексеј Стојановски, Марин Стефановски, Стефан Дебрешлиевски и Марко Дебрешлиевски“, информираат од тенискиот клуб Тумба.