Над 96.000 вакцини против ковид-19 се аплицирани во вакционалниот пункт на Здравствен дом Куманово од почетокот на пандемијата. Имунизацијата се одвива непречено, велат надлежните, а периодов поголем интерес за вакцинирање со прва доза има кај помладата категорија на граѓани посочувајќи дека за третата доза повеќе се заинтересирани повозрасните кумановци. Во Куманово, како и на ниво на државата се аплицира само вакцината на компанијата Фајзер.
-Досега во нашиот пункт се аплицирани над 96.000 вакцини од кои над 47.000 припаѓаат на вакцини кои се дадени како прва доза, а за втора доза над 45.000. Досега во нашиот пункт се вакцинирани со трета доза 3.600 граѓани, бројка која секојдневно се зголемува. Има граѓани кои се премислуваат и прашуваат во однос на типот на вакцината која ја аплицираме, но моментално во нашата држава воглавно се аплицира вакцината Фајзер како за прва, втора и трета доза, така што таа ни е достапна и таа ја нудиме на граѓаните. Младите најчесто од почетокот на вакцинацијата беа заинтересирани за вакцината Фајзер бидејќи и вакцина која е признаена и за патувања и е поефикасна вакцина во однос на другите вакцини, изјави д-р Монализа Мемети, Здравствен дом Куманово
Надлежните апелираат граѓаните да се заштитат од ковид -19 преку вакцинација, а што се однесува до евентуалните несакани последици после имунизацијата најчесто се локални реакции од видот на болка на местото на убодот, црвенило и слични симптоми кои траат најмногу три дена и се издржливи.
-Апелирам до сите граѓани што побрзо да ја искористат нивната можност за вакцинација, да одат во најблискиот пункт за вакцинација да се вакцинираат бидејќи тоа ни е моментално најдостапно оружје против ковид-19 за спречувавње на тешките форми на болеса и смртта. Нашиот пункт располага со доволен број на вакцини и сме регионален центар за вакцини против ковид односно вршиме снабдување и на околните општини со вакцина, изјави Мемети.
Лекарите посочуваат дека во ист ден може да се прими вакцината против сезонски грип и вакцината против ковид-19, но убодот да не биде во истата рака.