Одличен интерес за дарување на крв покажаа кумановските средношколци на денешната крводарителска акција организирана од Општинската организација на Црвен крст Куманово во соработка со Институтот за трансфузиона медицина. Акцијата се одржа во малата сала на центарот за култура .
-Засега интересот е одличен, ми причинува огромно задоволство што најголем дел од денешните крводарители се првократни дарители, им честитам и добредојдоа во големото семејство на крводарители и се надевам дека нашите млади крводарители ќе продолжат да даруваат . Акцијата трае до 15 часот, а до 12 часот имаме собрано околу 30 крвни единици, проектирани се од 40 до 50, очекувам дека ќе ја добиеме очекуваната бројка на таргетот, изјави д-р Кирил Лазов, Институт за трансфузиона медицина
Надлежните апелираат да се дарува крв бидејќи дарувањето е доброволен чин кој може да помогне во спасувањето животи на други луѓе.